ОЈО Тетово врши увид на местото каде утринава беше застрелано лице во полициска акција

Од:

По сознанија за местото каде престојувало осудено лице кое е сторител на повеќе тешки кривични дела, денеска во раните утрински часови Министерството за внатрешни работи спроведе полициска акција за лишување од слобода на осуденото лице и негово спроведување во установа за да ја издржува определената казна затвор. Лицето е осудено заради сторување на повеќе тешки кривични дела и во досегашните акции за негово лишување од слобода пружал активен отпор со употреба на оружје.

При акцијата, осудениот фрлил бомба кон полициските сили, по што се дал во бегство. При тоа бил сторен обид од полицијата да го спречи во бегството, но осудениот одговорил повторно со употреба на огнено оружје кон полициските сили. Поради тоа, употребена е сила од страна на полицијата при што осуденото лице е лишено од живот.

Надлежен јавен обвинител врши увид на лице место на настанот во село Ларце, тетовско, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, специјална единица за брза интервенција и единица за специјални задачи, како и Одделот за антитерористичка заштита од Управата за безбедност и контраразузнавање. Местото е обезбедено и се прибираат докази за кои претстои натамошно вештачење по дадени наредби од јавниот обвинител. Издадена и е Наредба за вршење на обдукција над починатиот.​

Би можело да ве интересира

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ