Тетовското обвинителство гони три лица за изнуда и противправно лишување од слобода

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово нареди да се спроведе истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „изнуда“, а судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), вечерта на 16 август годинава во период од 21:23 до 00:01 часот по полноќ во стан на осми кат од зграда во Тетово оштетениот бил повикан од третото осомничено лице кое живеело во станот и откако влегол внатре, лицето излегло од станот и ја заклучило вратата. Тогаш од друга просторија излегле првоосомничените лица и се заканиле по животот на оштетениот барајќи му сума од 20.000 евра.

– Исплашен за својот живот, оштетениот се јавил на својот син и му кажал дека противправно е затворен. Вечерта во неколку наврати прво и второосомничениот се јавувале на синот на жртвата барајќи ја наведената сума. Откако синот рекол дека ги обезбедил парите, се договорил со осомничените да се најдат пред бензинска пумпа, но не отишол на наведеното место туку настанот го пријавил во полиција, соопшти ЈОРМ.

За третото лице кое со преземените дејствија сторило кривично дело „противправно лишување од слобода“ Обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука по спроведување на истражната постапка во фаза на покренување на обвинение.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година