ОЈО Струмица побара притвор за осомничениот кој изврши обљуба врз немоќно лице

Од:

Триесетдневен притвор доби 32-годишниот маж од струмичкото село Муртино, кој е осомничен дека вчера извршил обљуба врз немоќно лице.

-Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и двегодишниот осомничен, вчера во село Муртино, струмичко, околу 10:30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода, соопшти ЈОРМ.

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица донесел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело обљуба на немоќно лице од Кривичниот законик.

-Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена., велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка