ОЈО Скопје поднесе казнени налози за пет лица за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетите, во различни кривично-правни настани, не ја почитувале забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време на важечкиот полициски час биле затекнати надвор од нивните домови со што го сториле наведеното кривично дело, информираат од скопското обвинителство.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски