ОЈО Скопје отвори истрага против 13 вработени во Агенцијата за катастар

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет против 13 лица, вработени во Агенцијата за катастар, кои се товрат за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Јавното обвинителство.

Како што информираатjavnoObvinitelstvo, осомничените во периодот 1 јануари 2013 до 16 март годинава на клиенти им наплаќале административна такса во готово, а парите потоа ги земале за себе.

Осомничените, според Обвинителството, со направените злоупотреби стекнале противправна имотна корист од околу 1,9 милиони денари, односно околу 30.000 евра.

„При приемот на пријавите – барањата од странки, наплатата на надоместокот (административната такса) ја вршеле со парични средства во готово, при што ги убедувале странките дека им помагаат со тоа што надоместок тие лично ќе го платат преку нивните лични платежни картички. Осомничените веднаш по направеното плаќање со платежните картички преку постерминалите, вршеле сторнирање на направените трансакции, а кон барањата од странките ја приложувале веќе испечатената потврдата за извршено плаќање, како доказ дека административната такса е наплатена и предметот го пуштале во понатамошна процедура. Добиените парични средства во готово ги присвојувале за себе и притоа стекнале противправна имотна корист во износ од 1.883.433 денари“, стои во соопштението на Обвинителството.

Јавниот обвинител, кој го води случајот, до судија на претходна постапка доставил предлог на осомничените да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите, забрана за напуштање на живеалиште и повремено јавување пред надлежен орган.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај