ОЈО реагира за ставот на Општина Центар

Од:

Основното јавно обвинителство денеска реагираше по објавениот текст на интернет страницата на Општина Центар, со наслов „ВМРО-ДПМНЕ преку судството ја почна одмаздата врз Жерновски“, во кој, според ОЈО, се објавуваат повеќе дезинформации.

„Јавните обвинителства, согласно законските одредби не поднесуваат кривични пријави – туку постапуваат по поднесени кривични пријави што ги доставуваат физички или правни лица. Кривичната пријава за која се зборува во објавениот текст, во Основното јавно обвинителство – Скопје ја има поднесено правно лице против градоначалникот на Општина Центар на 26 октомври 2016 година. Кривичната пријава се однесува на постапувањата на општина Центар по барање за утврдување на правен статус за бесправно изграден објект, која што нема допирни точки со друг случај што е експлоатиран во изминатите денови. Во насока на утврдување на наводите од кривичната пријава, Основното јавно обвинителство – Скопје ги повика пријавителот и пријавениот да дадат изјава. Побарано е и доставување на материјали за проверка на наводите од кривичната пријава“, велат од ОЈО.​

Би можело да ве интересира

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа