ОЈО поведе постапки против пет лица за нарушување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против четири лица затекнати како се движат на различни локации низ Скопје за време на полицискиот час и против едно лице кое употребило лажна дозвола за движење на вработен за време на полициски час.

Четворицата обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, како што информираат од ОЈО, биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и сузбивање на ширењето на заразна болест.

-За четворицата обвинети јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението.

За еден скопјанец, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

-Делото било сторено така што обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата „Цветан Димов“ за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес. Имено, тој во наведеното правно лице извршувал работни активности само во периодот од 08-16 часот, се вели во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична