OJO поведе постапка заради пронајдена дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, кај осомниченот била пронајдена наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 194 грама. Осомничениот кој се наоѓал на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, дрогата спакувана во полиетиленска кеса ја носел со себе во патна торба, се вели во соопштението од ОЈО.

Во насока на непречено одвивање на постапката, од ОЈО информираат дека, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски