Обвинителството замрзна сметки во Монако на концесионерот на центрите за дијализа

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од оформувањето на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Македонија, донесе наредба да запре префрлањето пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра.

„Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако. Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра“, стои во соопштението на ОЈО.

Оттаму додаваат дека воедно до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од страна на Кнежевството Монако е доставено барање за вклучување на нивен обвинител во истрагата, на што обвинителството позитивно одговорило и го одобрило барањето.

OJO во октомври отвори предмет по допрен глас за доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во земјава. Следејќи ги реакциите на здружението за бубрежно болни граѓани „Нефрон“ и написите на медиумите кои укажуваат на низа недоследности при спроведување на постапката по огласот за доделување концесии на центрите за вршење дијализа, оцениле дека постои основа на сомнение што треба да се провери.

Сомнежите укажуваат дека постапката е спроведена нетранспарентно со индиректно фаворизирање правни и физички лица при што познати меѓународни провајдери со големо искуство се ставени во подредена положба.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра