ОЈО: Мотивите за убиствата и самоубиството во Волково допрва ќе се утврдуваат

Од:

Првичните сознанија, по извршениот увид од страна на јавен обвинител од ОЈО – Скопје за убиствата и самоубиството во Волково упатуваат на извршено двојно убиство и самоубиство од страна на починатиот маж, а мотивите за стореното дополнително ќе се утврдуваат, соопшти Обвинителството.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера по примена дојава за пронајдени три тела во Волково веднаш излезе на лице место и изврши увид заедно со екипи на МВР. При тоа е констатирано дека со употреба на огнострелно оружје од живот се лишени три лица од кои две од женски пол. Во насока на расветлување на настанот, обвинителот издаде наредби за вршење на обдукција на починатите, наредби за собирање траги од лице место, вршење на ДНК вештачење, фотографирање, како и вршење на распит на лица со прибирање докази и податоци. Исто така наредено е вештачење на телефоните пронајдени на местото на настанот, бидејќи според првичните информации, на кривичното дело претходела интензивна комуникација која може да расветли детали за кривично-правниот настан, се наведува во соопштението.

Обвинителот, како што стои во текстот, издаде и наредба до МВР – внатрешна контрола за испитување на случајот и доставување целосен извештај за минатото поведение на починатиот маж, во однос на тоа дали досега е пријавуван и евентуално преземените дејствија од внатрешна контрола и редовните полициски служби во врска со неговите постапки.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он

Четворица обвинети за пукањето во близина на зградата на Општина Чаир