ОЈО Куманово поведе постапка против двајца Индијци и двајца Пакистанци​

Од:

Поради основано сомнение дека четири лица сториле по едно кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 4 во врска со став 1, а еден од нив и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово за нив донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе Предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

– На 4 јуни 2021 година, околу 21:00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви, се вели во соопштението од ОЈО.

Кога ги запреле оштетените, како што информираат од ОЈО, еден од осомничените започнал да им издава наредби на останатите, велејќи им „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја.

При нападот, се вели во соопштението од ОЈО, од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди.

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски