ОЈО Куманово поведе постапка против дилер на дрога

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Јавното обвинителство, вчера, во својот дом во Куманово и во домот на нејзиниот невенчан сопруг, осомничената неовластено, заради продажба, држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето маса од 11,94 грама. Осомничената ја прибавила наркотична дрога марихуана и хероин за натамашна продажба, за чија цел поседувала и две дигитални ваги кои при извршените претреси се пронајдени и одземени.

Надлежниот јавен обвинител постапувајќи по поднесената кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Воедно, ценејќи дека се исполнети законските основи до Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничената, наведуваат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски