ОЈО Битола поведе истрага против дилер на хероин, одреден и притвор

Од:

Тресетдневен притвор за 37-годишен битолчанец поради продавање хероин.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен битолчанец, за кого биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и продавал наркотична дрога – хероин.

– При извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници, известуваат од ЈО.

Оттаму соопштуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи оценил дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

– Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството