ОЈО-Битола изврши увид на местото каде во сообраќајка загинаа двајца охриѓани

Од:

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и вештак од областа на сообраќајот извршија увид на местото Долна крстосница-Макази, каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Од ОЈО-Битола информираат дека вчера на магистралниот пат А-3 Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка Мерцедес, управувано од 36-годишен жител од Охрид, во кој како сопатник се превезувал уште еден 34-годишен жител од Охрид и товарно возило марка Волво управувано од 33-годишен жител на селото Ваташа, Кавадарци. Според првичните сознанија, до незгодата дошло кога патничкото возило од засега непознати причини преминало на спротивната сообраќајна лента, по која се движело товарното возило при што дошло до директен судар.На местото на незгодата од тешките повреди починале двете лица од Охрид кои се превезувале во патничкото возило Мерцедес.

За расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, наредба за обдукција врз телата на починатите како и за сообраќајно – техничко вештачење, се посочува во соопштението на ОЈО-Битола.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски