ОЈО бара мерки за обезбедување на осомничените за тргување со дрога

Од:

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднел предлог за изрекување мерки за обезбедување на присуство на петтемина осомничени за трговија со дрога. Како што информира ОЈО, предлогот бил поднесен поради постоење законски основи, како и поради избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка.

– Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична дрога – кокаин, пронајдена кај дел од нив при личните претреси и претресите во нивните домови, се наведува во соопштението од ОЈО.

Оттаму посочуваат дека кај двајца од осомничените е пронајден и различен вид на муниција што неовластено ја држеле, поради што против нив се води постапка и за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

По преземени истражни дејствија во текот на изминатите месеци, за сите осомничени се обезбедени материјални и други докази врз основа на кои се темели основаното сомневање за сторените кривични дела, се вели во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Обвинителство прибавува докази за Палчо, истрагата за останатите осомничени во завршна фаза

Горан Наумовски

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост