ОЈО: 30 дена притвор за осомничениот за убиството кај „Мавровка“ кој бил бегалец од затворот „Скопје“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје е известено од Министерството за внатрешни работи дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во кривично-правниот настан – убиство кај Трговскиот центар „Мавровка“.

„Во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот. Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување. За овој кривично-правен настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа