Охриѓанец пукал на свадба, повредил татко и дете

Од:

Татко и неговиот малолетен син се поврдени по пукање од огнено оружје на свадбена веселба вчера во Охрид.

СВР Охрид соопшти дека вчера во 13 часот е пријавено дека на свадбеа во двор на улицата „Петрино“, охриѓанецот К.Б.(60), кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар