Охридското Езеро е безбедно

Од:

Безбедноста во водениот сообраќај во Охридското Езеро е на задоволително ниво, беше заклучено при вчерашната акција на инспекторите на Капетанија на пристаништа, езерската полиција и мобилната царина, каде само еден скутер кај Градиште бил затекнат како не ја почитува забраната за пловење.

Вчера попладне на терен се проверуваше колку од рекреативните пловила, вклучувајќи ги и бродовите, ја поседуваат потребаната опрема и документацијата која ја потврдува нивната техничка исправност.

– Завршивме со неколку направени контроли на пловните објекти кои претежно беа исправни со потполна опрема со потполни документи. Кај еден пловен објект односно скутер напишана е пријава за нарушување односно за непочитување на забраната за пловидба на владата – изјави Горан Устијаноски, капетан на капетанија на пристаништаа на Македонија.

Локалната самоуправа им укажа на концесионерите на плажите да се придржуваат до прописите, инаку еднострано ќе биде раскинат договорот за закуп. Поради технички недостатоци, локалната самоуправа времено го одложи јавното наддавање за плажите кои се без газда.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица