Охридските бродови со радио-станици поврзани со Капетанијата

Од:

Комерцијалните бродови кои пловат на Охридското Езеро инсталираа радио-станици, што ќе претставуваат врска на бродскиот екипаж со Капетанијата.

Радио-станиците, според директорот на Капетанијата Горан Устијаноски, системски ќе бидат поврзани и во шпицот на туристичката сезона 24-часовно ќе ја опслужува Капетанијата на пристаништата на Република Македонија со седиште во Охрид. Ова, додаде, треба да придонесе за зголемување на безбедноста во водниот сообраќај на Охридското Езеро.

Првиот човек на капетанијата најави дека радио-уредите се адаптибилни и оти нема да застарат ниту во текот на наредните десет години.

– Тие се адаптибилни и прилагодливи на новите системи. Имаат приклучоци за ГПС, но тоа за нас ќе биде следната фаза, рече Устијаноски.

Субјектите, информира тој, сами ги набавиле радио-уредите, а Капетанијата ги координирала активностите.

– Во овој систем се вклучени петте комерцијални брода во Охридското Езеро, а интерес покажа и Хидробиолошкиот завод со два свои пловни објекти, бидејќи и тие се често на вода, истакна Устијаноски.

Ваквите уреди со закон не се обврзувачки за сопствениците на такси чамци, но, како што додаде директорот на Капетанијата, дел од нив сакале да вградат радио-апарти.

– Од следната година и за комерцијалните чамци тоа ќе стане обврска. Своето пловење ќе мора да го пријават во Капетанија, односно нема да може да плови како такси-чамец без радио-станица. За оние кои немаат извор електрична енергија од 12 или 24 волти, ќе биде одобрена, рачна мобилна радио-станица, а оние кои имаат вградено мотор и извор на енергија 12 или 24 волти, ќе имаат вградено радио-станица иста како во бродовите, појасни Устијаноски.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство