Охридскиот договор е заслужен за тоа што Македонија е клучен фактор на стабилност, вели Груби

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска на „Преспа форум дијалог“ истакна дека Охридскиот рамковен договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Тој посочи и дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Рамковниот договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.

Осврнувајќи се на договорот од Охрид пред 20 години и од Преспа пред две години, Груби рече дека е потребна поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.

Груби нагласи дека од реализацијата на еднаквоста на граѓаните – придобивката од Рамковниот договор, државата не изгубила ништо, туку добила многу.

-Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите. Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, г-ѓа Беса одлично раководи со Врховниот суд, итн. Ние сме поверни откако државата почна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво. И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август, истакна првиот вицепремиер.

Груби ги повика лидерите на соседните земји, но и пошироко, пример да им биде овој договор во надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.

– Охрид длабоко ја трансформираше Северна Македонија и останува наша sвезда водилка кон иднината. Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот договор. Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот, да ги користат Охридскиот и Преспанскиот договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат, истакна Груби во обраќањето на Преспа форум дијалогот.

Би можело да ве интересира

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Груби: Македонија во моментов ја води Македонец, а во предизборие ќе се изнаслушаме кој е главен

Орце Костов

Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов