А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Охрид вклучен во кампњата за рационална употреба на антибиотиците

by А1он09/10/2014 - 15:1597
Share0

Општина Охрид се вклучи во светската кампања за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција. Во рамки на кампањата што се спроведува во организација на Министерството за здраство, Институтот за јавно здравје, а со поддршка на Светската здраствена организација, денеска во Охрид се одржа семинар посветен токму на подигање на свеста за рационална употреба на антибиотиците, како и за несаканите последици од нивна неконтролирана употреба.

Добивај вести на вибер

Професорот Никола Паноски од Медицинскиот факултет од Скопје укажа на загрижувачката состојбата со резистенцијата на бактериите на повеќе видови антибиотици, нагласувајќи дека слична е состојбата и во Република Македонија.

– Антибиотиците во Македонија се користат некаде според просекот во регионот, а тоа е два до три пати повеќе отколку во скандинавските земји, двојно повеќе од Словенија. Иако во споредба со 90-те години од минатиот век, оваа деценија двојно е намалена употребата на антибиотиците, сепак во регионот има резистентни бактерии. Македонија е некаде во тој просек, кој е висок во европски рамки, истакна Паноски.

На семинарот беше истакнато дека со кампањата за рационална употреба на антибиотиците се очекува постепено подигнување на јавната свест кај населението и намалување на идните ризици од појавата на антимикробна резистенција.

Пановски укажа дека масовното користење антибиотици во Македонија делумно е последица на навиките од минатото, што е генерално и дел на менталитетот да се користат доста лекарства.

Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска укажа на потребата од подигнување на јавната свест кај населението, пред се поради тоа што граѓаните најчесто без консултации со лекарите, на своја рака земаат антибиотици и самите се доведуваат во несакан ризик.

– На граѓаните мора да им се објасни дека со текот на време резистенцијата се зголемува, а тоа значи и намалување на бројот на ефикасни антибиотици, истакна таа.

Претседателката на Советот потсети дека локалната самоуправа, во рамките на надлежностите во областа на здраството, социјалната политика и образованието има реализирано повеќе проекти за заштита на здравјето на граѓаните.

– Очигледно е дека најмногу можеме да придонесеме во превенцијата и подигнувањето на јавната свест за здравјето.Тоа го правиме и во иднина на овој проблем ќе му посветуваме уште поголемо внимание, рече Коњановска.

ohrid

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Горан Наумовски18/08/2025 - 13:49

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Горан Наумовски08/08/2025 - 11:25

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Горан Наумовски10/07/2025 - 14:43

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

Горан Наумовски08/07/2025 - 18:12

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

Горан Наумовски08/07/2025 - 16:49

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Катерина Ѓуровски08/07/2025 - 08:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен