Охрид СОС: Охридското езеро е пред катастрофа

Од:

Од здружението Охрид СОС, кое што се бори за заштита на Охридското езеро и националниот парк Галичица, денеска објавија фотографии од Охридското пристанеште, на кои што се гледаат траги од нафта покрај брегот.

„Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава што од досада, еко спинови прават само и еколози изигруваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве што го гледате, сето тоа е природна колоритност, каква нафта, какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел да привлекува туристи, па не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количеството вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шега,“ напишаа од Охрид СОС.

Овој период нема пловни објекти освен рибарите. Можно е преку канализација да се излева, во населба Охридати (на стотина метри од езеро) со месеци се забележува мирис на нафта во канализација, а надлежните креваат раменици иако граѓаните пријавиле за тоа, коментираат од Охрид СОС.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро