А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Охрид работи на привлекување туристи од Русија

by А1он01/10/2013 - 18:3388
Share0

Руски туристи од идната година се очекува организирано да летуваат во Охрид, што ќе биде реализирано со воспоставување директни авионски чартер линии од Москва до охридскиот аеродром. Тоа се заклучоците од денешната средба на претставниците на Секторот за локален економски развој што Општина Охрид со генералниот менаџер на московската туристичка агенција „7тур“ кој се наоѓа во работна посета на Охрид.

Добивај вести на вибер

Раководителот на Секторот за локален економски развој Ѓоко Апостолоски истакна дека на руската делегација и се предочени сите позитивни карактеристики на охридскиот туризам од аспект и надлежност на Локалната самоуправа.

– Позитивно би било кога Македонија би влегла како опција на сите туристички саеми, со оглед на тоа што ни беше посочено дека земјава а со тоа и Охрид, речиси и да не се познати за Русите. Ние ќе се потрудиме преку оваа соработка да овозможиме презентација на Охрид како туристичка дестинација. Како локална самоуправа веќе имаме конкретни чекори. Тука е подготовката на пропагандниот туристички материјал кој ќе се подготвува и на руски јазик. Се подготвуваме и за учество на најголемиот европски туристички саем во Москва, изјави Апостолоски после средбата.

Истовремено на денешната средба била разгледувана можноста за промовирање на Охрид како дестинација во најпознатата руска туристичка брошура „Полиглот“, што се печати во милионски тиражи. Во таа насока, најавено е дека во периодот од 11 до 14 ноември во Охрид ќе пристигнат група од 20-тина туристички работници од Русската Федерација, меѓу кои и претставник на посочената брошура „Полиглот“.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен