Охрид: 25-годишно момче почина откако зело метадон

Од:

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35- годишно лице од Струга, на кое од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

На 13-ти овој месец, пријавениот, на 25- годишен охриѓанец му овозможил користење на дел од неговата метадонска терапија.Настанот се случил во домот на охриѓанецот, кој од сега притворениот побарал метадон. Откако го инјектирал метадонот, двајцата заминале во центарот за лекување на наркозависници.

Таму кај охриѓанецот настапиле видливи знаци на влошување на здравствената состојба по што пријавениот заедно со уште две лица присутни во центарот, го однеле во неговиот дом. По извесно време лицето починало. Според информациите од СВР Охрид, кај починатиот не биле забележани траги на насилство.

Притворениот е лице кое во центарот за лекување на наркозависници е регистриран уживател на метадонска терапија.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум