А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Охрабрувања од ЕУ и САД, пад на оптимизот во Грција

by А1он04/03/2018 - 09:30114
Share0

Продолжува реториката на охрабрување за побрзо решавање на спорот за името, која доаѓа од ЕУ и САД, наспроти опаѓањето на оптимизмот во Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз вчера изјави дека ЕУ не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

– Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и поранешната југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме, вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат говорејќи на панел дискусија во рамките на Економскиот форум во Делфи, Грција, рече дека Вашингтон е мошне заинтересиран да успее дипломатијата на релација Скопје – Атина што во овој момент е во тек за името. Според него, најдобриот начин да помогне е да не шпекулира премногу околу процесот и перспективите, јави дописникот на МИА од Атина.

– Она што би го кажал е дека е многу јасно за САД дека и двете страни, грчката влада и владата во Скопје ова го гледаат како момент за можност во смисла на тоа, ова прашање да го остават зад себе, рече американскиот амбасадор.

Поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани, пак, обраќајќи се, исто така, на панел дискусија на Економскиот форум во Делфи, за перспективите за решавање на спорот за името изрази стравување дека ова е само уште една можност во синџирот можности што ги изгуби грчката надворешна политика.

Бакојани, која сега е пратеник од опозициската Нова демократија, упати остри критики до владата на Ципрас за тоа како управува со преговорите.

– Создаде проблем во внатрешноста на земјата, создаде проблем во преговорите, на средина на преговорите се сетија дека за да биде ерга омнес потребна е некоја промена во Уставот на соседната земја итн., објасни поранешната шефица на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Таа рече и дека со актуелниот македонски премиер, преговорите се полесни отколку со претходниот. Смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот, бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“.

grcija

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он05/10/2026 - 10:11

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски29/09/2026 - 10:4129/09/2026 - 15:44

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он28/09/2026 - 09:5528/09/2026 - 09:57

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 09:27

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 09:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео