Огромна колона возила со часови заглавена кај Маврово

Од:

Голема колона возила, вечерва е заглавена на патот Никофорово-Радика. Според информациите од луѓето кои се заглавени, колоната е долга десетина километри, а застојот трае веќе четири часа.

– Фотографииве се тазе, денешни, вечерашни, сакаш да се вратиш во викендичка, ама те пренасочуваат да се враќаш од кај Леуново и Никифорово, цел круг околу езерото, оти нормални услови за движење од другата страна нема. Колоната е километарска, во недоглед, стоиш во место и не знаеш зошто? Ова го нема никаде, само овде кај нас, оти за жал СИСТЕМОТ не функционира како што треба, се вели во објава на социјалните мрежи.

Велат има семејства со мали деца, а некои од автомобилите и веќе немаат гориво. Сведочат дека нема многу снег, но патот е лизгав.

Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот околу Мавровско езеро е нормализиран, уверува СВР Тетово, од Бунец до Леуново наизменично се пропуштаат возила

Катерина Ѓуровски

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски