Ограничена брзината на движење на мостот на Вардар кај селото Пепелиште

Од:

Поради оштетување покрај забраната за движење на тешки возила дадена синоќа се ограничува и брзината на движење на патничките моторни возила на мостот на Вардар кај селото Пепелиште на патот Неготино – Штип.

Полицијата денеска испратија соопштение до граѓаните дека моторните возила треба да се движат по овој мост со брзина од 20 километри на час.

На патот веќе има поставено сообраќајни знаци, но и покрај тоа полицајци ја минаа вечерта на терен, а и денеска се присутни таму за да им укажуваат на патниците.

– На мостот Неготино – Пепелиште се јавуваат видливи деформации на петтиот ред столбови. Има вертикален угип и бочно извиткување, е ставот на стручните служби од општина Неготино кои денес беа на терен.

Во текот на денот се очекуваат и други стручни служби кои треба да дадат конкретни препораки за санација на мостот.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска