Ограбена обложувалница во гостиварско

Од:

Ноќта помеѓу 30-ти ноември и први декември, во  времето од  22:00 до 05:20 часот,  во село Врапчиште-гостиварско во обложувалница „Бундес“ сопственост на М. А. (48) од Тетово,  непознат  сторител извршил тешка кражба при што одзел 72.000 денари.

Тешката кражба  сторителот ја извршил на тој начин што со подесен предмет го скршил катанецот од влезната врата на  обложувалницата, влегол внатре и го скршил делот кај касата, од каде ги одзел парите, по што го напуштил лице местото.

ПС-Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он