Ограбена бензинска во Куманово

Од:

Во бензинската станица „Авиа оил“ во Куманово околу 2 часот изутрината е извршена кражба. Засега непознат сторител маскиран со бела платнена маска и со метален предмет во рацете, најверојатно нож, со закана кон вработениот одзел 16.383 денари и наполнил бензин во туба за 783 денари.

Крадецот, кој се стекнал со противправна имотна корист од 21.185 денари, го напуштил местото упатувајќи се пеш по патот во правец кон Куманово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР