Ограбен стан во Скопје, украден златен накит, пиштол и куршуми

Од:

На 14.01.2018 година во 18,30 часот К.Х. (44) од Скопје пријавил дека од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба во неговиот стан на ул. „Козле“.

Во периодот од 04,00 часот на 04.01. до 17,00 часот на 14.01.2018 година сторителот со погоден предмет ја отворил вратата од балконот, влегол во станот и одзел машки рачен часовник марка „Брејтлинг“ од 1.200 евра, поголема количина златен накит, пиштол и куршуми кои оштетениот ги поседувал со дозвола. После тоа сторителот побегнал во непознат правец.

На тој начин, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 5.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето