Ограбен поп во тетовското село Беловиште

Од:

Непознати сторители украле свештеничка одежда, УСБ и МП3 плеер, ноќта помеѓу четвртокот и петокот, од автомобилот на свештеникот П.Б. во тетовското село Беловиште.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информира дека свештеникот на тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква – Охридска архиепископија П.Б.(46) од тетовското село Беловиште пријавил во полиција дека ноќта помеѓу четвртокот и петокот засега непознати сторители му ја украле свештеничката одежда, УСБ и МП3 плеер.

Крадците ги украле работите од незаклучениот автомобил „Форд Мондео“ сопственост на свештеникот што било паркирано пред неговата куќа во селото.

Вкупната вредност на украденото, според проценките на свештеникот е околу 600 евра. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина