А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Оглас за организациски директори во триесетина јавни здравствени установи

by А1он05/01/2015 - 15:17122
Share0

Триесетина јавни здравствени установи ќе добијат организациски директори. Огласот за пополнување на овие работни места е објавен денеска и ќе трае до 21 јануари.

Следете a1on на Instagram Instagram

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска изјави дека на огласот може да се пријават сите оние кои сметаат дека имаат соодветни квалификации, образование и визија за реализација на владините политики во делот на здравството.

– На огласот може да конкурираат сите оние кои се државјани на Република Македонија, имаат завршено високо образование од областа на економијата, финансиите и правото и имаат петгодишно работно искуство во областа на менаџментот, економијата и јавниот здравствен менаџмент, истакна Ѓорѓиев.

Во рок од шест месеци, доколку бидат избрани, кандидатите ќе треба да поднесат и сертификат за познавање на англискиот јазик којшто е меѓународно признат.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ѓорѓиев појасни дека првиот мотив за објавување на ваков оглас е да им се даде можност на што поголем број лица да се стекнат со правото да аплицираат и со своите вештини и знаења да придонесат во реализација на реформите во здравствениот сектор.

– Дел од овие позиции веќе беа објавени во рамките на претходните огласи коишто ги распишуваше Владата или Министерството за здравство и врз основа на тие огласи оценивме дека кандидатите кои аплицираа за извршување на овие позиции не покажаа соодветен квалитет и оти од тој корпус кандидати не е добро да биде избрано определно лице да ја извршува функцијата организациски директор. Ова покажува дека овие јавни повици кои ги објавуваме за разни раководни функции не ги објавуваме како про форма, туку на нив да се пријават најквалитетните и најспособните кадри, нагласи Ѓорѓиев.

Тој додаде дека позицијата организациски директор е важна функција бидејќи лицето раководи со процесот на трудот, го води работењето на јавната здравствена установа, се грижи за материјално-финансиското работење, за реализација на проектот „Мој термин“ и за воведувањето на менаџмент принципите во работењето.

– Тој е еднаков по своите права и обврски со медицинскиот директор. Тој не е подреден на него туку двајцата соработуваат и еднакви одговорности, нагласи Ѓорѓиев.

Организацискиот директор не е нова функција што се воведува туку се работи за истата позиција што во јавноста е позната како економски директор на јавни здравствени установи.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео