Оглас на Собранието за кандидати за јавни функции

Од:

Компетентни и високомотивирани кандидати, кои би биле носители на јавни функции, бара преку оглас за пројавување интерес Собранието на Република Македонија.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги поднесува предлозите до Собранието за избор и за именувања, односно разрешувања на носители на јавни функции, коишто се во надлежност на Парламентот.

– Ваквиот оглас за пројавување интерес не е законска обврска на Собранието, но цениме дека на овој начин се збогатуваат принципите на демократијата и се зголемува транспарентноста на работењето на јавните институции т.е. на Собранието и им се дава можност на што поголем број способни луѓе да аплицираат, изјави денеска Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Огласени се вкупно 40 позиции за кои кандидатите на огласот можат да пројават интерес, претежно претседатели и членови на управни одбори во агенции и членови на комисии. Краен рок за поднесување на пријавите е 20-ти следниот месец.

Според огласот, сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени, во согласност со нивното образование и искуство, без разлика на полова, верска, партиска и национална определба. Сите кандидати што ги исполнуваат законските услови за функцијата за која се пријавуваат, ќе бидат повикани на интервју.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on