Одзивот до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај

Од:

Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 9 часот е 7,22 проценти, соопшти Државната изборна комисија.

Оттаму информираат дека од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 326 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4,07 проценти на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Крушево каде гласале 57 гласачи односно 12,15 проценти, а најмала е излезноста во Долнени на избирачкото место 1470/1 каде до 9 часот гласале 14 гласачи односно 2,22 проценти.

На избирачкото место 2101 во Желино гласале 101 гласач односно излезноста е 10,17 проценти, во избирачкото место 1202 во Крушево гласале 22 гласачи односно 7,38 проценти, на избирачкото место 1272 во Охрид гласале 54 гласачи односно 7,59 проценти, а на второто избирачко место во Долнени со број 1470 гласале 22 гласачи или 3,34 проценти. Во Струга на избирачкото место 1844 излезноста е 7,44 проценти односно гласале 56 гласачи.

Избирачките места, како што информираше ДИК, се отворени во 7 часот наутро.

Би можело да ве интересира

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски