Одвоени билатерални средби на вицепремиерот Адеми со Штир и Масикас

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска, за време на неформалниот состанок на министри и државни секретари за европски прашања во Валета, Малта, оствари одвоени билатерални средби со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Давор Иво Штир и со заменик-министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Естонија Мати Масикас.

Како што соопшти Кабинетот на Адеми, за време на средбите вицепремиерот се осврна на политичката состојба во земјата по спроведувањето на предвремените парламентарни избори, при што посочи дека во тек се преговорите за формирање нова влада.

– Членството во ЕУ останува клучен стратешки приоритет на земјата и затоа новата влада ќе има обврска целосно да го имплементира Политичкиот договор и да се посвети на имплементација на реформите во областите опфатени со Итните реформски приоритети, особено во делот на владеење на правото, судството и борбата против корупција, следењето на комуникациите, реформата на јавната администрација и медиумите, рече Адеми.

Ќе треба, додаде, да се работи и на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор како темел за натамошно унапредување на меѓуетничките и на добрососедските односи, како и за решавање на отворените билатерални прашања.

На средбата со министерот Штир беше истакната континуираната и принципиелната поддршка на Хрватска за Македонија и беше нагласена добрата соработка меѓу двете земји посебно во делот на евроинтеграциите. – Големиот број реализирани заеднички активности за размена на искуства се особено важни за нашата администрација во делот на координацијата на процесот на евроинтеграција и усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ, истакна Адеми. На средбата беа допрени и регионални теми од заеднички интерес.

На средбата со заменик министерот Масикас, беше посочено дека е особено важно да се воспостави поблиска соработка и да се обезбеди поголема поддршка во телата на ЕУ за почнување на преговорите за членство, имајќи предвид дека Естонија ќе го преземе претседателството со ЕУ во втората половина на 2017 година.

За време на средбите, соговорниците се согласија дека и покрај предизвиците со кои се соочува ЕУ, политиката на проширување мора да остане високо на агендата на ЕУ, при што Адеми истакна дека е особено важно да продолжи поддршката од двете земји за пристапувањето на Македонија и другите држави од регионот во овој процес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски