„Одржливост на новите медиуми“ – конференција за интернет новинарството и слободата на изразување

Од:

Околу четирнаесет интелектуалци, новинари, експерти за медиуми, уредници и претставници од маркетинг секторот ќе учествуваат на конференцијата „Одржливост на новите медиуми“ која ќе се одржи утре, со почеток во 10 часот, во салата City Hall во Скопје.

Целта на оваа конференција е да се придонесе кон зголемување на слободата на изразување преку помагање на медиумите во Македонија да се прилагодат на новите пазарни услови кои произлегуваат од дигиталната средина, преку пренос на знаења и меѓународни искуства на поле на развој на медиумите и отворени дискусии за регионалниот и локалниот контекст.

Главен говорник е Маркус Икстад, експерт од САД, комерцијален директор во Streamworks Interactive и поранешен директор на продажба во Асошиејтид Прес (АП), кој ќе ги претстави тековните трендови и решенија од гледна точка на неговото 21-годишно искуство во градење нови деловни модели и нови искуства за корисниците.

Своја презентација ќе има и Тони Габриќ, главен уредник на порталот H-Alter.org, кој во последните 8 години работа три пати е избран за еден од десетте најдобри информативни портали во Хрватска. Тој ќе го презентира своето искуство околу формите на институционална поддршка за непрофитните медиуми во Хрватска.

По презентирањето на меѓународните искуства, ќе биде одржана тркалезна маса на која ќе се дискутира за состојбите во Македонија од гледна точка на клучните заинтересирани страни: медиумски професионалци, претставници на маркетинг агенции и огласувачи, деловниот, владиниот и граѓанскиот сектор.

Конференцијата во 10 часот ќе ја отворат Леана Мар – директор на Канцеларијата за образование на УСАИД и Вршител на должност директор на УСАИД и Бардил Јашари, директор на Метаморфозис.
Настанот ќе може да се проследи преку live streaming на следнава интернет адреса, а сите заинтереситани ќе може да се вклучат со прашања и коментари преку социјалните мрежи и преку Твитер со хаштаговите #медиуми и #mediumi.

Конференцијата е во организација на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество