Одржан традиционалниот „Back to School“ настан во Општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром, традиционално и оваа година со двочасовен музички и забавен „Back to School“ настан организиран во соработка со ТЦ Капитол, го одбележа почетокот на новата учебна година. Настанот оваа година имаше и хуманитарен карактер, истиот беше организиран за поддршка на лекувањето на Лео.

Граѓаните синоќа имаа можност да ја проследат музичката програма, а масовното присуство е уште една потврда дека станува збор за настан со кој традиционално им посакуваме успешен почеток на сите ученици од Аеродром и со кој ја покажуваме нашата хуманост на дело.

Градоначалникот Муцунски на социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните за масовното присуство и за поддршката која сите заеднички ја даваме за лекувањето на Лео.

Хуманитарниот „Back to School“ настан беше отворен со настапот на детскиот хор „Поточиња“ и танцовото студио „Марбел“, по што следуваа настапите на популарните Теа, Лара, Пајак, Таско, Огнен и Некст Тајм.

Модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување на соодветни услови за реализација на наставата се важен приоритет на Општина Аеродром. Како и претходната, така и оваа година учениците подготвени тргнаа на училиште. Реконструкција на училиштата, субвенции за учениците од прво одделение, таблети за учениците од четврто одделение и нови униформи за сите ученици се само дел од мерките за унапредување на образованието кој општина Аеродром успешно ги реализира пред почетокот на новата школска година.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он