Одржан состанок на Советодавното тело на Царинската управа

Од:

Вчера во просториите на Царинската управа се одржа состанок со Советодавното тело. Царинската управа партнерството со деловната заедница го остварува преку работата на Советодавното тело, во кое членуваат Царинска управa, Стопанска комора на РМ, Сојуз на стопански комори на РМ, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Американска стопанска комора во РМ, СИЗ „Македонија сообраќај” АМЕРИТ, Групација на шпедитери и логистички оператори–МИФА, Текстилно трговско здружение – Текстилен кластер, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Холандска стопанска комора, Македонско Бугарска стопанска комора, Унија на Германски комори за индустрија и трговија – Претставништво Скопје, Стопанска комора на Македонија – Турција и Здружение на кожарско преработувачка индустрија.

За време на состанокот се разгледаа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење, како и барања на деловната заедница.

На овој состанок за нов координатор на Советодавното тело беше избран Златко Ветеровски – помошник директор на Секторот за царински систем, а за заменик координатор беше избран Анастас Маженковски, помошник директор на Секторот за акцизи.

Царинската управа ги информираше претставниците на деловната заедница за претстојните измени на Царинскиот закон, при што посебен акцент беше ставен на унапредувањето на концептот за овластен економски оператор и измените кои се предлагаат во делот на прекршочните одредби.

Исто така Царинската управа ги запозна членките за новините кои се предлагаат со новиот Закон за акцизите кој е во завршна фаза на подготовка.

На состанокот беше дискутирано и за актуелните проблеми на учесниците во царинските постапки, поврзани со царинското работење.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он