Одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица

Од:

На магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица забележлива е појава на ситни одрони. Одроните создаваат тешкотии во сообраќајот, а се најизразени на потегот од магистралниот пат Делчево – Македонска Каменица од селото Очипала до село Илиово.

Поситни одрони се забележливи и на магистралниот пат пред селото Луковица. Таму засега поставените мрежи за запирање на одроните не дозволуваат поголеми парчиња камен да се најдат на самиот коловоз кај споменатиот патен правец.

Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација се препораките до возачите кои имаат потреба за движење по магистралниот патен правец од Делчево кон Македонска Каменица.

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска