Одрони го отежнуваат сообраќајот на патот Македонска Каменица – Кочани

Од:

Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Возачи кои сообраќаат на оваа релација, јавуваат дека одроните се наоѓаат на 100-150 метри пред таканаречениот „каменолом” во близина на местото „Драките“.

– Одроните се со средна големина и притоа се наоѓаат на десната коловозна лента. Местото каде се наоѓаат одроните се под голема карпа кај месноста „Драките“, која стравуваме дека поради врнежите може да создаде дополнителни непријатности. За своја лична сигурност за оние возачи од Делчево кои планираат да патуваат до поголемите градови и ја користат оваа патна мрежа, препорачуваме внимателно возење, раскажуваат возачи.

Од Македонија пат го потврдија случајот, при што истакнаа дека нивни екипи се на терен, со цел расчистување на одронот.

Во меѓувреме поради влажните коловози од АМСМ препорачуваат внимателно возење и внимавање на одроните кои во овој дел од државата најчесто ги има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска