Одрон на патот Маврово-Жировница-Дебар

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во Маврово.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Поради појава на магла, намалена видливост до 20 метри има на патните правци: Тетово – Гостивар и Тетово – Скопје, од 20 до 50 метри  кај Велес – Скопје,  од 50 до 100 кај Велес – Штип, Градско – Неготино, до 50 метри Градско – Прилеп и кај Охрид, а кај Струмица од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози