Одрон на патот Маврово-Дебар кај Трница, се пропуштаат само автомобили

Од:

Поради одронот од камења и земја кој утрово падна на коловоозот, сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар се одвива отежнато и е забранет за товарни возила.

Од СВР Тетово информираат дека кај месноста Трница, полициски службеници го регулираат сообраќајот и времено пропуштаат само автомобили.

– Утрово околу седум часот дошло до одрон на поголема количина земја и камења која паднала на коловозот. Направен е напор да се ослободи една коловозна лента, но само за полесни возила, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

За нормализирање на сообраќајот повикана е екипа на „Македонија пат“, која со механизација треба го отстрани паднатиот материјал. Одронот го предзивикале поројните дождови кои паѓаа синоќа. Помали одрони од камења има на повеќе места по долината на Радика, а од полицијата предупредуваат на внимателно возење во овој дел од земјата.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска