Одрон на патот Кичево-Охрид, сообраќајот отежнат

Од:

Поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, поточно на 140-от километар Скопје – Охрид, меѓу Извор и Подвис има поголем одрон од околу 70 метри кубни.

Одронот ги има зафатено двете сообраќајни ленти. Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од сообраќајна полиција.

Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и на целосна нормализација на сообраќајот.

Во меѓувреме се исчистени одроните од камења и земја на патот Превалец – Берово и на магистралниот пат Штип- Кочани-Делево – Бугарска граница.

– На патниот правец Превалец – Берово се работеше на чистење наноси од камен и земја и тоа од 11 до 24 -от километар кај месноста викана река Осојница до селото Лаки-Виничко. На магистралниот пат Штип-Кочани – Делчево, екипи на Секцијата на Македонија пат од Кочани работеа на чистење на наноси од камења од селото Истибања до Браната Калиманци,односно од 255-от до 268-от километар на овој патен правец, изјави Влатко Јордановски, раководител на Секцијата на „Македонија пат“ од Кочани.

На двата магистрални патни правци сообраќајот наизменично се одвивал на по една коловозна лента.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска