Одрон на патот Делчево – Македонска Каменица

Од:

На патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај местото викано Боришето, поради одрон сообраќајот за лесните возила се одвива по девијација во должина од 100 до 150 метри. Тешките товарни возила не се пропуштаат додека траат работите за расчистување на коловозот, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ и АДГ „Гранит“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Собраќајот го регулира сообраќајната полиција и се очекува негово нормализирање во најкраток можен рок.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози