Одредени притвори на осомничените за продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“

Од:

Кривичен суд им одреди притвор на двајцата управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со третоосомничениот помагач во случајот поврзан со купопродажба на парцели за фотонапонски централи во Делчево, дознава „А1он“. Одлуките се донесени и за останатите четворица осомничени за кои се бараа мерки за обезбедување присуство. За сите се одредени мерките побарани од обвинителот, освен за едно лице кое наместо ефективен доби куќен притвор.

Во судот се изработуваат и писмените одлуки. Сите осомничени за случајот се приведени вчера, беа на распит во Финансиската полиција која поднесе кривична пријава, а скопското Обвинителство поднесе кривична пријава и побара мерки. Пред осум часа, сите осомничени беа спроведени во Кривичниот суд.

„Оценувајќи дека постои опасност за влијание врз сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска на осомниченaтa да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со одредени лица“, кажаа утрово од Обвинителството за барањето да се одредат притвори на осомничените.

Седумтемина од кои двајца управители во ЕВН, биле роднински и пријателски поврзани. Успеале да убедат сопственици на приватно земјиште во Делчево да им биде откупен имотот по одредена цена, но да се согласат во документите да стои дека го подаруваат. Подарениот имот за неколку дена го продале на ЕВН за 1,5 милион евра.

„Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето. Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените“, објавија од Обвинителството со покренувањето на истражна постапка.

Би можело да ве интересира

Осомничените за „Делчевски ниви“ да излезат од затворот во Шутка, му предлага обвинителот на судот

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Осомничените за парцелите во Делчево спроведени во суд

Ана Ололовска

Седуммина осомничени за измама во службата

Ана Ололовска

Уапсени Митровски, Гиевски и петте вмешани во продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“

Ана Ололовска

Случај ЕВН Електрани: како се одвиваше шемата за продажба на нивите за 1,5 милиони евра

Ана Ололовска

Двајца управители во ЕВН и уште петмина добија кривични пријави за продажбата на земјиштето во Делчево

А1он