Под мотото „Смрт на фашизмот – слобода за СЛОБОДАТА!“, здруженијата „Одраз“, „Кислород“ и „Бургијаши“ ги повикуваат граѓаните да се придружат на протестот, кој ќе се одржи во сабота во 20 часот, и да се вклучат во заштитата на градското зеленило.
„Музиката е поезија на душата, зеленилото е рај за очите. Дрвцата кои беа исечени нема да бидат заборавени…Ќе станат “evergreen” како песните кои некогаш многу одамна биле испеани во Скопје, а се уште се паметат и се слушаат…
– Да не дозволиме паркот кај Бристол да остане само сеќавање! Затоа придружете ни се на овој „Evergreen“ настан во сабота, на 10-ти август во 20 часот кај добро познатото паркче. Заедно ќе ги слушаме старите добри евергрини, заедно ќе ги чуваме наследниците на дрвцата во кои беше врежан скопскиот дух, заедно ќе направиме Evergreen“, велат организаторите.
На настанот свои обраќања ќе имаат организаторите, кои цело време се борат со жешкото време и неправдите во нашата држава.