Судот им ги отфрли сите приговори на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски и во целост го одобри обвинението за предметот „Рекет“.
„Советот за оценка на обвиниителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува по оценка на обвинителниот акт на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција КО.бр.84/19, постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт поднесени од Б.Ј., К.Ј. и З.М., на НЕ ЈАВНА СЕДНИЦА одржана на 08.11.2019 година, без присуство на странките во постапката донесе решени со кое: Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост“, соопшти судот.
По одобреното обвинение ќе биде оформен предмет и распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за судење.
Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скоје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот е префрлен во домашен притвор.