Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Од:

Советот за оценка на обвинителен акт при Основен кривичен суд Скопје донесе решенија со кои во целост ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Основно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по што се формирани и два кривично-правни предмета, поврзани со пожарот во Кочани и со ИПАРД-програмата.

Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Со решението се одобрува во целот обвинителниот акт против 13 полициски службеници, кои се товарат дека сториле кривично дело – тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот, кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани – се наведува во соопштението од судот.

Вториот предмет се однесува на финансиски малверзации и примање поткуп во врска со европската ИПАРД-програма.

– Обвинителниот акт е однесува на пет физички лица за разни кривични дела, и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД-програмата – се посочува во соопштението од Кривичниот суд.

Предметите, во согласност со АКМИС-системот, ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откога ќе биде насрочена главната расправа по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб-страницата на судот, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани