Одлука за измени на Законот за издавање обврзници за денационализација

Од:

Владата на 23-тата седница вчера донесе одлука да го испрати во редовна собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Во Законот се предвидени 15 емисии на обврзници за денационализација, а Владата на Република Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат.

– Годишниот износ се утврдува врз основа на надоместокот даден во обврзници со решенијата кои станале правосилни во тековната година. Со Предлог-законот се предлага дополнително издавање на уште три емисии на обврзници за денационализација, со цел исплата на обврзниците кои ќе бидат утврдени со решенијата кои ќе станат конечни во претстојниот период, соопшти владината прес-служба.

На оваа седница Владата го утврдила Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за буџетите и буџетските корисници и да го достави до Собранието на Република Македонија, и ја усвои Информацијата за примена на принципот на финансиска транспарентност кај јавните претпријатија со заклучок во рок од 20 дена да го достават до Владата на РМ.

Во текот на седницата Владата ја разгледала и информацијата за прогрес на активностите поврзани со реализација на Проектот за самовработување со кредитирање, Проектот кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места, Проектот за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години и Проектот кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години.

– Мислењето за овој проект беше дека е со мала реализација според сите анализи, и Владата ја задолжи Агенцијата во рок од 40 дена да изготви заклучок и анализа со точни и прецизни податоци, изразени преку бројки, за да се добие јасна слика за досегашната имплементација на овој проект, и од страна на Владата беше сугерирано на Агенцијата за вработување да искористи дел од планираните средства за поддршка на плановите на Владата за измените и новите идеи во рамките на овој проект, наведува владината служба за информирање.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+