ВИДЕО: Одложено судењето за „Тврдина 2“

Од:

Одложено е судењето за случајот Тврдина 2 во Кривичниот суд за 2 октомври. МВР треба да го извести судот дека поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски како обвинет и неговиот колега во УБК, Никола Бошковски како сведок, се недостапни.

На судењето, беа присутни 6-те обвинети службенички во УБК.

Адвокатот Петар Василев на судијката Лидија Петровска, на мобилен ѝ покажуваше слики од минатото судењe при што побара да не се објавуваат слики од судењата.

СЈО ги сомничи, Грујовски и уште шестмината вработени во УБК, за уништување службена документација поврзана со незаконското прислушување. Претходното рочиште на 3 јули беше одложено на барање на одбраната.

Грујовски и Бошковски, кој исто така е обвинет од СЈО, веќе два месеца се во бегство и по нив е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември

Тела на деца пронајдени во куфери, мајката чека три години за судење – тврди дека е невина

А1он

„Штекли“ е во болница – судењето против Трајковски е одложено поради здравствени причини

Горан Наумовски

Се разболе еден од обвинетите, повторно е одложено рочиштето за случајот Веапоска

Горан Наумовски

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски